Во текот на учебната 2021/22 година, во ООУ „Толи Зорумис“ беше реализиран проектот Ерасмус+ К101 „Справување со меѓуврсничко насилство и конфликти“. Во рамките на проектот шест наставници/стручна служба од училиштето посетија две европски обуки на теми „Менаџирање на конфликти, емоционална интелигенција или спречување на bullying“ и „Стоп за bullying/cyberbullying и креирање позитивна училишна средина“.

                  Во училиштето беа спроведени  две дисеминации за наставници (македонски и албански наставен јазик), шест работилници за ученици (во централно и порачно училиште, македонски и албански јазик) и пет работилници за родители (во централно и подрачно училиште, македонски и албански јазик). Едукативните соржини (прирачници, презентации, видеа), креирани во рамките на овој проект, беа промовирани во општината и на територијата на целата држава и уредно поставени на веб страна на училиштето, достапни за било кој и во било кое време.

                  Активности во врска со спречување на меѓуврсничко насилство и конфликти, bullying/cyberbullying, креирање на позитивна училишна средина во континуитет ќе бидат спроведувани во нашето училиште во текот на целата учебна 2022/23 година, како и во наредните учебни години. Глобалната цел на овие активности ќе биде зголемување на бројот на ученици обучени да препознаат и спречат меѓуврсничко насилство, bullying и cyberbullying. A, како директна последица ќе има намалување на бројот на случаи на меѓуврсничко насилство во училиштето, а со тоа и намалување на бројот на престапници во општината и пошироко.

За таа цел изработени се:

  • Акциски план (School Policy Plan) со придружен документ Едукативни содржини;
  • Долгорочна стратегија (Long Term Strategies);