Основно Училиште Толи Зордумис од Куманово

Основното Училиште ,, Толи Зордумис’’ од Куманово обезбедува услови за креативен развој на учениците и постојано стручно усовршување на наставниците. Промовира  толеранција, разбирање и хумани вредности помеѓу наставниците, учениците и родителите, преку воннаставни активности, почитувајќи и негувајќи ги различните културни вредности.

Визија

Нашето училиште како воспитно образовна средина ќе продолжи да ги следи модерните текови, спроведува интегрирано образование и овозможува услови за постојан индивидуален развој на наставниците и учениците. Обезбедува еднаквост на сите и го негува меѓуетничкото разбирање, почитување и различност преку негување на мултикултурното општество.