На 10.5.2022 година во просториите на училиштето се одржаа две десиминации на наставниот кадар во рамките на Ерасмус+ проектот „Справување со меѓуврсничко насилство и конфликти“. Присутните наставници, преку презентаии, видеа, разни групни активности беа запознаени со стратегии за менаџирање на конфликти, начини за развивање и подобрување на емоционалната интелигенција, техники за креирање на позитивна училишна средина, како и начини на препознавање и справување со bullying и cyberbullying. За потребите на работилниците тимот на Ерасмус+ К101 изработи и работен материјал за наставници, достапен на линкот подолу.