Во тек на оваа седмица (16.05-20.05.2022 година), реализирани се повеќе од шест работилници со ученици од сите паралелки во подрачното и централното училиште на двата наставни јазици. Работилниците ги организираа членовите на тимот: Елена Петковска-координатор, Фросина Манева, Наташа Пешевска, Весна Димитриевска, Лилјана Миленковска, Зејнепе Бајрами и Милена Ангеловска. Воедно во реализација на работилниците зедоа учество и голем број на наставници: Емица Стефановска, Верица Гиговска, Даниела Младеновска, Александра Грубор, Анита Николовска, Љубинка Митиќ, Лидија Станчевска, Емилија Веселиновска, Валентина П.Благоевска.Наставниците ги организираа работилниците на ниво на генерација. На работилниците преку групни активности, кратки презентации, видео материјали, изработки, дискусии, дебати, вежби за формирање на групи и др. научија да препознаваат конфликти, да се справуваат самостојно со истите, да преминат од пасивни посматрачи до медијатори, да знаат каде да се обратат, како да ги користат социјалните мрежи и да се одбранат преку свое лично однесување да не бидат жртви на насилство. Научија дека потребна им е помош на жртвите на насилство но, и на насилниците.