Во текот на месеците мај и јуни, 2022 година, како и во текот на месец септември 2022 година, во просториите на училиштето беа реализирани пет работилници за родители во рамките на проектот Ерасмус+ К101 „Справување со меѓуврсничко насилство и конфликти“.

На присутните родители им беше кажано дека во училиштето се работи и уште поинтезивно ќе се работи на спречување на меѓуврсничко насилство, bullying / cyberbullying и конфликти на било која основа. Беа запознаени со стратегии за јакнење на емоционална интелигенција (основен услов за справување со конфликтни ситуации), со стратегии за спречување на конфликти и начини за позитивно надминување на конфликт, со поимите bullying/cyberbullying, upstander/bystander како и со начините на препознавање дали некој е жртва на меѓуврсничко насилство. Родителите се стекнаа со вештини со помош на кои можат да разликуваат различни форми на меѓуврсничко насилство, влијание, фактори на ризик и долготрајни ефeкти кои што можат да ги почуствуваат оние кои се насилници, како и оние кои се жртви заедно со нивните семејства. Беше потенцирано дека стручната служба на училиштето и тимот од проектот им стојат на располагање за било какви консултации во врска со темата.

Беше истакнато дека оваа учебна година согласно Акцискиот план, како и следните учебни години ќе бидат реализирани работилници за ученици од сите одделенија, чија цел ќе биде зголемување на бројот на ученици обучени да препознаат и спречат меѓуврсничко насилство, bullying и cyberbullying, а како директна последица на тоа ќе се намали бројот на конфликти, меѓуврсничко насилство, bullying, cyberbullying меѓу учениците врз било која основа.