С О О П ШТ Е Н И Е
ООУ “ТОЛИ ЗОРДУМИС“ ОД 03.05.2020 год. ЌЕ ЗАПОЧНЕ СО УПИС НА ПРВАЧИЊА ВО УЧЕБНА 2021/22 ГОДИНА. ОВАА ГОДИНА ЌЕ БИДАТ ЗАПИШАНИ СИТЕ ДЕЦА РОДЕНИ ВО ПЕРИОД ОД 01.01.2015 ДО 31.01.2016 ГОДИНА.
УПИСОТ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО СО ЗАПАЗУВАЊЕ НА ЗАШТИТНИТЕ МЕРКИ ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА, А ВОЕДНО УПИСОТ МОЖЕ ДА СЕ РЕАЛИЗИРА И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА (со потполнување на формулар) НА СТРАНИЦАТА USLUGI.GOV.MK
ГИ ЗАМОЛУВАМЕ СИТЕ РОДИТЕЛИ КОИ ПРИПАЃААТ НА РЕОНОТ НА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ ДА СЕ ЈАВАТ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА СТРУЧНАТА СЛУЖБА НА УЧИЛИШТЕТО, СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ОД 8 ДО 12 ЧАСОТ ЗАЕДНО СО СВОЕТО ДЕТЕ ЗА УПИС ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УПИС:
- КОПИЈА ОД ИЗВОД ОД МАТИЧНА КНИГА НА РОДЕНИ;
- ПОТВРДА ЗА ПРИМЕНИ ВАКЦИНИ;
- ПОТВРДА ЗА ИЗВРШЕН СТОМАТОЛОШКИ ПРЕГЛЕД (од Школска амбуланта или од матичен стоматолог);
- ПОТВРДА ЗА ИЗВРШЕН ОФТАЛМОЛОШКИ ПРЕГЛЕД (од специјалист офталмолог);
- ВАЖЕЧКА ЛИЧНА КАРТА НА РОДИТЕЛ/СТАРАТЕЛ со постојано место на живеење.
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!
СО ПОЧИТ КОЛЕКТИВ НА ООУ “ТОЛИ ЗОРДУМИС“ – КУМАНОВО