ООУ„Толи Зордумис“ -Куманово се наоѓа во северозападниот дел од градот на улица „Боро Прцан“, бр.38. Својата воспитно – образовна дејност училиштето ја започнува во далечната 1962 год. Со годините прераснува во образовна институција со големо искуство, традиција и изграден имиџ од која излегоа генерации и генерации ученици.

Како воспитно – образовна институција училиштето остварува дејност од посебен општествен интерес, регулирана со Законот за основно образование, пропишана со Наставниот план и програма подготвена од БРО на Р. Северна Македонија и донесена од Министерството за образование и наука.

До 1980 год. училиштето функционира како училишна зграда со приземје и два ката, а од 1980 год. дограден е дел од фискултурна сала, наставничка канцеларија и други придружни простории. Во 1984 год. се изградени спортски терени, а во 2009 год. се уредени трибини и осветлување и како такви служат за изведување на настава по физичко образование како и за организирање на разни воннаставни активности. Училиштето е оградeно и дворот е уреден и озеленет. Во 2012 година во централното училиште се доградени училници во кои сега следат настава ученици од VI до IX одделение на албански наставен јазик. Вкупната работна површина со која располага училиштето е 8710м2.

Од 2007 год. до училиштето се припојува како подрачно училиштето во село Режановце.

Во училиштето има вклучени ученици со ПОП според македонскиот модел на инклузивна практика од учебна 2000/2001год.со Решение на БРО на Р. Северна Македонија бр.03-53/1.

МИСИЈА

Нашето училиште обезбедува услови за креативен развој на учениците и постојано стручно усовршување на наставниците. Промовира  толеранција, разбирање и хумани вредности помеѓу наставниците, учениците и родителите, преку воннаставни активности, почитувајќи и негувајќи ги различните културни вредности.

ВИЗИЈА

Нашето училиште како воспитно образовна средина ќе продолжи да ги следи модерните текови, спроведува интегрирано образование и овозможува услови за постојан индивидуален развој на наставниците и учениците. Обезбедува еднаквост на сите и го негува меѓуетничкото разбирање, почитување и различност преку негување на мултикултурното општество.

Директор на училиштето: Милорад Јордановски

Лична карта на училиштето

Централно училиште
Име на училштетоООУ„Толи Зордумис“
Адреса, општина, местоулица „Боро Прцан“ бр.38
Телефон031 412 311
Фах031 412 311
Е-маил
ОснованоСо одлука на Собрание број 1235 од 25.06.1962 година
Верификација-број на актот10-1275/3 од 09.06.1995
Година на верификација1995
Јазик на кој се изведува наставатамакедонски, албански наставен јазик
Година на изградба1962 година
Тип на градбацврста градба
Површина на објектот1146 м2
Површина на училишниот двор1560 м2
Површина на спотрски терени и игралишта1050 м2
Училиштето работи во смена2 смени  (прва смена со почеток во 7.30 часот, втора смена со почеток во 13.30 часот)
Начин на загравање на училиштетопарно греење со сопствена котлара
Број на паралелки35
Статус  на Еко-училиштеБронзено ниво

Подрачно училиште

Име на училштетоООУ„Толи Зордумис“
Адреса, општина, местосело Режановце
Телефон
Е-маил
Основано одСовет на општина Куманово
Верификација-број на актот07-976/6 од 30.01.2007
Година на верификација2007
Јазик на кој се изведува наставатамакедонски
Година на изградба1982 год.
Тип на градбацврста градба
Површина на објектот539 м2
Површина на училишниот дворНема
Површина на спотрски терени и игралиштаНема
Училиштето работи во смена2 смени  ( прва смена со почеток во 07:30 часот, втора смена со почеток во 13:30 часот )
Начин на загравање на училиштетопарно греење со сопствена котлара
Број на паралелки9