Известување од Директорот до сите родители на идните првачиња!
Почитувани родители,
Поради тоа што спортот поттикнува позитивно социјално однесување, успех во училиште, јакнење на карактерот, самопочитување и самодоверба која има улога во растот и во подготовката за одговорна возрасна личност, нашето училиште „Толи Зордумис“ за секое запишано прваче обезбедува бесплатни активности во гимнастичарскиот клуб „Атлета“ од Куманово.
Одлични вести ни пристигнаа од Охрид!
На 11.5.2024 во Охрид се одржа Државно првенство во атлетика.
Нашата ученичка Меланија Станковиќ освои прво место и стана државен првак во дисциплината-фрлање на ѓуле, со резултат 8,79 метри, под менторство на професор Иван Крстевски.
Ова е огромен успех за нашето училиште! Честитки за Меланија и професорот Иван! Уште многу успеси во иднина! Браво!