Почитувани,

Министерството за образование и наука Ве известува дека на Јавниот повик за доставување на барања за напредување во звање наставник-ментор бр.18-65/1 од 04.01.2021 година a врз основа на оценките од професионалниот развој на наставникот, исполнетоста на професионалните стандарди од Бирото за развој на образованието и мислењето од училиштето во кое работи наставникот, од Вашето училиште е избрана Зејнепе Бајрами за наставник-ментор.

Прва генерација на унапредени наставници од МОН во учебна 2020/21 година

За посветеноста во работата, ангажирање во наставни и воннаставни активности во училиштето и постојано надградување на професионалните знаења заслужено добиено звање наставник – ментор на Зејнепе Бајрами, одделенски наставник во ООУ „Толи Зордумис“.

Учителот засадува семе, се грижи за него, го следи додека расте. Учителот е сонцето, храната, водата.

Жан Жак Русо

Честитки од Директорот и целиот колектив на училиштето за заслужената награда!