🌍
✨

Во текот на проектот учениците имаа можност да учат, истражуваат и развиваат свест за своите права, но и за одговорностите што ги имаат како членови на заедницата. Преку различни активности тие учеа за важноста на почитта, искреноста, добрината, правдата и љубовта. Горди сме на нивниот труд, посветеност и активното учество во сите проектни активности. Како симбол на нивниот успех и вложен труд, денес им беа доделени сертификати за успешно учество.

Овој проект ни покажа дека со мали чекори и добри дела можеме да изградиме подобро, поправедно и похумано општество. Им честитаме на сите ученици и им посакуваме и понатаму да растат во одговорни, совесни и активни граѓани!