ООУ „Толи Зордумис“, Куманово е добитник на грант за унапредување на квалитетот на работа на основните училишта, во рамките на Проектот за унапредување на основното образование, подржан од Светска Банка. Грантот предвидува 6 активности:
- Набавка на ИТ опрема за читална
- Набавка на лектирни изданија
- Набавка на онлајн алатки
- Набавка на инвентар за читална
- Набавка на помагала за работа со деца со ПОП
- Набавка на мебел за катче за деца со ПОП
Опремата добиена од грантот ќе ја користат:
- ученици за поефективно учење (или додатно/дополнително учење) и истражување (голем дел од учениците немаат домашни услови за овие активности, како и за пишување домашно);
- ученици за подобрување на нивните дигитални вештини;
- наставници за стручно усовршување, примена на современи дигитални алатки во наставата;
- ученици со потешкотии во учењето и ПОП за полесно совладување на наставните содржини преку индивидуален пристап;
- ученици и наставници за развивање на интеркултурни активности и проекти, чија промоција во локалната заедница би допринела за зближување на различните етнични заедници;
Очекувани резултати после имплементација на грантот:
- зголемен број на ученици кои имаат подобрување на општиот успех;
- зголемен број на ученици со подобрени дигитални вештини;
- зголемен број на наставници со компетенции да користат современи дигитални алатки;
- зголемен број на наставници со компетенции да работат со ученици со ПОП, со потешкотии во учењето и со социо-емоционални проблеми;
- зголемен број на ученици и наставници со интеркултурни вештини;
- намален број на ученици кои го напуштиле училиштето;
- зголемен број на интеркултурни проекти.
Активностите поврзани со набавка на опрема, лектири и инвентар се завршени во текот на месеците фебруари-април, 2025 година. Во втората половина на месец мај се премина кон обука на наставници и ученици за користење на новата опрема и онлајн алатки, како и поинтензивно користење на училишната библиотека како читална, како и користење на сензорната соба во секојдневна работа со ученици со потешкотии.
На 12.5.2025 година беше одржана обука за одделенски наставници „Примена на онлајн алатки во наставата“. Беше презентирана новата опрема, сензорната соба и новите онлајн алатки (Padlet, Canva и Wordwall). Обуката ја спроведоа Фросина Манева, професор по информатика, Зејнепе Бајрами, наставник ментор, Милена Ангеловска, професор по англиски јазик.





На 15.5.2025 година беше одржана обука за предметни наставници „Примена на онлајн алатки во наставата“. Беше презентирана новата опрема, сензорната соба и новите онлајн алатки (Padlet, Canva и Wordwall). Обуката ја спроведоа Фросина Манева, професор по информатика, Зејнепе Бајрами, наставник ментор, Милена Ангеловска, професор по англиски јазик.





На 13.5.2025 година училишната библиотека беше збогатена со нови лектирни изданија на македонски и албански наставен јазик, како и опремена со мебел за современа читална.



На 3.6.2025 година учениците од одделенска настава учеа помош на игри од апликацијата WordWall (wordwall.net) .




На 3.6.2025 година учениците од одделенска настaва ја користеа училишната читална за продлабочување на своите знаења.

